Мојсова се сретна со противкандидатот за градоначалник на Карпош, Лукровски
Кандидатката за градоначалник од редовите на СДСМ за Општина Карпош, д-р Маја Мојсова се сретна со противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, бизнисменот Сотир Лукровски за да поразговараат околу изборната трка која им следув пред локалните избори во октомври.
„Како човек кој во животот секојпат се води од достоинствено и чесно однесување, така и како кандидатка за градоначалник на општина Карпош, јавно се обврзувам на фер, коректна и достоинствена политичка трка со сите чинители на Локалните избори.
Денес имав можност да се сретнам со мојот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски и заеднички да поразговараме за периодот кој ни следува“, напиша Мојсова на Фејсбук