Мерц: Не е донесена одлука за преземање какви било мерки против Израел
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека не е донесена одлука за преземање какви било мерки против Израел поради војната во Газа.
„Засега, сакаме да почекаме патувањето на министерот за надворешни работи и разговорите што ќе се одржат со израелската влада во наредните денови. Сепак, го задржуваме правото да преземеме такви чекори“, рече Мерц по состанокот на неговиот кабинет за безбедност, објавува „Тајмс оф Израел“.
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул треба да го посети Израел во четврток.