Премиера на документарецот „Сите ќе умреме“ од Сашко Потер Мицевски на МакеДокс

 Новиот краток документарен филм „Сите ќе умреме“ од авторот Сашко Потер Мицевски вечер во 21 часот ќе биде премиерно прикажан на 11-тиот фестивал на
креативен документарен филм МакеДокс, како дел од програмата ShortDox.

Овој долгоочекуван филм третира веќе познати теми на економска несигурност и индивидуалните егзистенцијални дилеми во локален, типичен балкански контекст, но преку еден по малку бизарен аспект на целокупниот општествен живот – погребалниот бизнис.

Сашко Потер Мицевски, режисер и сценарист на „Сите ќе умреме“ е познат на домашните познавачи на документарниот филм преку неговата авторска работа на документарецот „(Вон)земјанинот Ли“. Работи и на бројни домашни и странски, филмски и ТВ проекти.

Во продукција на Хауском, на овој филм работеа млади, но веќе истакнати таленти од домашната филмска фела, како и автори од Велика Британија, а на продуцентската позиција се потпишува Илија Тирицовски.

„Сите ќе умреме“ е поддржан од Агенција за филм на Република Северна Македонија, а се реализираше во копродукција со ОХО Продукција.

Билетите за премиерата на документарецо се веќе во продажба на mktickets.mk. /

Back to top button
Close