Раста уште е во полициска станица во Охрид, бил уапсен во шатор зад бината
Стефан Ѓуриќ Раста кој беше уапсен синоќа, 2 август, во Охрид, пред да настапи на концерт, се уште е држен во охридската полициска станица, објави Сител.
Според информациите на телевизијата, тој бил уапсен додека конзумирал наркотици во шаторот зад бината, по што не настапил пред главната ѕвезда на концертот Џејсоин Деруло. До раперот било пронајдено пакетче со наркотици.
Раперот бил приведен вечерта поради поседување марихуана, а потоа полицијата ја претресла неговата хотелска соба.
Сè се случило пред хотелот, пред очите на минувачите, само неколку моменти пред да треба да настапи на стадионот во Охрид.
– На 03.08.2025 година во 00,10 часот, на спортски стадион во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија С.Ѓ. (36) од Белград, Република Србија кај кого, при извршен преглед, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, објави СВР Охрид.