ВМРО ДПМНЕ и Општина Куманово ги осудија националистичките скандирања

ВМРО ДПМНЕ и Општина Куманово ги осудија националистичките скандирања кои, инаку, се случуваа пред очите на претседателот на ВМРО Дпмне и градоначалникот на Куманово

Од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека осудуваат секаков вид на националистички испади и говор на омраза, и сметаат дека тие злоупотреби, како што велат, се во корист на структури кои водат политика на омраза.

„Вчера имаше одличен натпревар во реновирана сала во Куманово каде што и јас лично присуствував. Мора да истакнам дека испадите со ксенофобичен говор се резултат на една многу мала група на граѓани. Во тој контекст, осудуваме секаков вид на националистички испади и говор на омраза, без оглед од чија страна доаѓаат. Таквите злоупотреби одат во корист на сите политички струи и структури, кои со децении водат политика на омраза едни кон други. Национализмот и говорот на омраза е најдобрата одбрана на криминалот на структурите кои со години ги злоупотребуваат меѓуетничките односи и гледаат шанса за спас за кариерите и нивната егзистенција во политиката“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски, на новинарско прашање на денешната прес-конференција во седиштето на партијата.

Општина Куманово, исто така, денеска преку соопштение за јавноста ги осуди скандирањата на поединци за време на вчерашниот кошаркарски натпревар со став дека на спортските терени нема и не смее да има место за ширење на национализам и меѓуетничка нетрпеливост.

„За жал, ден подоцна воочуваме дека на натпреварот во еден момент од одредени поединци во публиката има скандирање на неприфатливи пароли со кои се подгрева етничка нетрпеливост во општина која се темели на мултиетнички вредности. Во оваа прилика Општина Куманово јавно ги осудува ваквите скандирања и се оградува од истите во својство на домаќин на настанот. Куманово бил и ќе биде град на сите негови жители без разлика на нивната етничка припадност а спортот и културата ќе ги користи да ги обединуваат граѓаните како и досега“, наведуваат во соопштението од општина Куманово.

Во Куманово вчера беше пуштена во употреба реконструираната спортска сала со натпревар на националниот кошаркарски тим против тимот на Република Романија. Организатор на настанот беше Македонска кошаркарска федерација, а домаќин на настанот Општина Куманово.Од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека осудуваат секаков вид на националистички испади и говор на омраза, и сметаат дека тие злоупотреби, како што велат, се во корист на структури кои водат политика на омраза.

„Вчера имаше одличен натпревар во реновирана сала во Куманово каде што и јас лично присуствував. Мора да истакнам дека испадите со ксенофобичен говор се резултат на една многу мала група на граѓани. Во тој контекст, осудуваме секаков вид на националистички испади и говор на омраза, без оглед од чија страна доаѓаат. Таквите злоупотреби одат во корист на сите политички струи и структури, кои со децении водат политика на омраза едни кон други. Национализмот и говорот на омраза е најдобрата одбрана на криминалот на структурите кои со години ги злоупотребуваат меѓуетничките односи и гледаат шанса за спас за кариерите и нивната егзистенција во политиката“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски, на новинарско прашање на денешната прес-конференција во седиштето на партијата.

Општина Куманово, исто така, денеска преку соопштение за јавноста ги осуди скандирањата на поединци за време на вчерашниот кошаркарски натпревар со став дека на спортските терени нема и не смее да има место за ширење на национализам и меѓуетничка нетрпеливост.

„За жал, ден подоцна воочуваме дека на натпреварот во еден момент од одредени поединци во публиката има скандирање на неприфатливи пароли со кои се подгрева етничка нетрпеливост во општина која се темели на мултиетнички вредности. Во оваа прилика Општина Куманово јавно ги осудува ваквите скандирања и се оградува од истите во својство на домаќин на настанот. Куманово бил и ќе биде град на сите негови жители без разлика на нивната етничка припадност а спортот и културата ќе ги користи да ги обединуваат граѓаните како и досега“, наведуваат во соопштението од општина Куманово.

Во Куманово вчера беше пуштена во употреба реконструираната спортска сала со натпревар на националниот кошаркарски тим против тимот на Република Романија. Организатор на настанот беше Македонска кошаркарска федерација, а домаќин на настанот Општина Куманово.

Back to top button
Close