Почина палестински фоторепортер кој бил заедно со екипата на Ал Џезира која беше цел на израелски напад во Газа
Палестински новинар почина од повредите здобиени во израелскиот напад врз шаторот што го користела катарската телевизиска мрежа Ал Џезира во Газа во неделата вечерта, со што бројот на жртви се искачи на шест, соопшти локалната Цивилна одбрана и болнички службеник.
Мохамед Ал-Халди беше фриленс новинар кој повремено работеше со локалните медиуми.
Меѓу жртвите на нападот беше и добро познатиот новинар на Ал-Џазира, Анас ал-Шариф , 28, кого израелската армија соопшти дека го нападнала како „терорист“.
Другите загинати се дописникот Мохамед Курајка и снимателите Ибрахим Захер, Мохамед Нуфал и Моамен Алива. Нивните имиња се приклучуваат на списокот од речиси 200 новинари, според РСФ, кои беа убиени во војната започната како одмазда за крвавиот напад на терористичката организација Хамас на 7 октомври 2023 година.