Запалено возило на полициски службеник во Битола

Денес од МВР за Инфомакс потврдија, дека на ден 14.08.2025 околу 02:10 часот во СВР Битола било пријавено дека на улица „Раштанска” во Битола настанал пожар во паркирано патничко возило „фиат добло” со битолски регистарски ознаки, сопственост на З.М (54) од Битола.

Екипа на ТППЕ го изгаснала пожарот, а увид на местото на настанот е извршен од страна на ОКТУПА СВР Битола.

Инфомакс пренесува дека опожареното возило е на полициски службеник од СВР Битола.

Причините за настанот се уште се непознати, а се очекува надлежните да излезат со повеќе детали за случајот

Back to top button
Close