МВР сепак и поднесе кривична пријава на директорката во училиштето во Демир Хисар

Пд МВР денеска информираат дека поднеле кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Демир Хисар поради „одземање или уништување службен печат или спис“.

-Денеска (15.08.2025) ОВР Демир Хисар до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против М.Ј. (57) од Демир Хисар за сторено кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“ по член 390 од КЗ.

Пријавената во периодот од 06.08.2025 до 13.08.2025 година противправно ги криела службените печати, сопственост на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар, со што направила службените печати да бидат неупотребливи и со нив да не може да раководи новоименуваната директорка Ј.Д. (43), назначена за в.д. директор на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар со одлука од страна на општина Демир Хисар од 05.08.2025, велат од МВР.

Инаку, полицијата при претересот на домот на директорката не ги пронајде печатите, по што таа самата, со нејзиниот адвокат, снимајќи се објасни дека истите се во нејзиниот кабинет во училиштето, додека таа била на боледување.

Back to top button
Close