ДПА нема да учествува на изборите – за Тачи тие биле „маскарада“

Локалните избори се маскарада. Демократската партија на Албанците нема да учествува на локалните избори. Соработката со Ахмети и со ДУИ е целосно невозможна, изјави претседателот на ДПА Мендух Тачи по денешната седница на партиското централно собрание.

ДПА пред неколку дена соопшти дека ја напушта коалицијата на ДУИ – Европски фронт.

„Нема да имаме кандидати на овие избори. Господинот Ахмети свесно влезе и зеде како сојузници, двајца заколнати непријатели на ДПА, кои не штедеа ништо за да ѝ наштетат на оваа партија. Собранието на партијата заклучи дека соработката со Ахмети и со ДУИ е целосно невозможна“, вели Тачи.

Тој вели дека повеќе нема политички односи со Али Ахмети и дека политичката соработка меѓу нив не продолжува.

 

Back to top button
Close