Дрога, оружје и муниција откирени при претрес во Казандол, едно лице е приведено
Едно лице е приведено, откако при претрес во селото Казандол, валандовско, полицијата открила дрога, оружје и муниција. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера во шест часот во селото, полициски службеници го лишиле од слобода Е.А., на возраст од 39 години.
„При претрес во неговиот дом и помошни простории во селото, извршен со наредба на Основен суд Гевгелија, биле пронајдени и одземени 11 стебла од растението Канабис сатива, еден репетирачки карабин, куршуми со калибар од 7,9 мм, една рачна бомба постар модел, една торба и неколку ќесиња исполнети со марихуана, како и други предмети со остатоци од марихуана“,се наведува во соопштение од МВР.


Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.