Загрижувачки пад на бројот на учениците во Албанија

Предуниверзитетскиот образовен систем во Албанија доживува силен пад на бројот на учениците бидејќи според податоците од Институтот за статистика (ИНСТАТ) покажуваат дека во минатата  учебна, 2024/25 година, имало над 11.000 ученици помалку, споредено со претходната учебна година.

Најзначајно намалување е забележано во основното образование, каде имало околу 7.000 ученици помалку, додека во средните училишта бројот бил помал.

-Главна причина е масовната миграција на младата популација, како и тенденцијата на младите брачни парови да имаат по едно дете. Тоа се согледува и во  намалениот  процент на наталитет, објавија медиумите.

Исто така, загрижувачки се мерките преземени од надлежните, за спојување на 9-годишните со средните училишта, поради намалувањето на бројот на ученици, што предизвикува затворање на образовните институции, главно во руралните средини.

Медиумите оценуваат дека затворањето на едно училиште и еден здравствен дом или амбуланта има големо влијание за исчезнувањето на таа заедница, зашто и тие што сеуште живеат во овие средини одлучуваат да ги напуштат и да мигрираат во градовите.

Back to top button
Close