Почина работник кој учествувал во изградбата на новиот автопат кај Гостивар
На 22.08.2025 околу 17:15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во атар на с.Д.Ѓоновица и с.Симница, при извршување градежни работи за приватна фирма на автопат во изградба, починал Д.П.(60) од с.Врапчиште, општина Врапчиште.
Лекар од приватна здравствена установа констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.