Војниците на Националната гарда на САД распоредени во Вашингтон почнаа да носат оружје

Припадниците на Националната гарда на Соединетите Американски Држави (САД) истратени во Вашингтон од страна на американскиот претседател Доналд Трамп од вчеравечер се вооружени, пренесува Си-ен-ен.

. EPA/WILL OLIVER

На гардистите им е дозволено да користат сила само како последно средство и исклучиво како одговор на непосредна закана по животот.

Минатата недела министерот за одбрана Пит Хегсет изјави дека членовите на Националната гарда што се распоредени како дел од антикриминалната агенда на претседателот Доналд Трамп во главниот град на земјата, се овластени да носат оружје.

Не е утврден точниот број на членови на Националната гарда што ќе бидат вооружени.

Според неофицијални извори, војниците ќе носат пиштоли М17 или пушки М4.

 

Две недели, стотици членови на Националната гарда патролираат по улиците на главниот град на САД откако Трамп прогласи вонредна состојба, тврдејќи дека Вашингтон е преплавен од криминал.

 

Тој вчера ја наговести и можноста за испраќање на Националната гарда и во Балтимор, град во сојузната држава Мериленд.

 

Инаку, во главниот град на САД се стационирани повеќе од 1 900 членови на Националната гарда од Вашингтон, како и од сојузните држави Охајо, Луизијана, Мисисипи, Јужна Каролина, Тенеси и Западна Вирџинија.

 

Припадниците на Националната гарда патролираат во областите околу Белата куќа и делот полн со туристи помеѓу Конгресот и Споменикот на Линколн, како и во железничките и метро станиците.

 

Трамп на 11 август изјави дека ќе го заштити Вашингтон од кримина, крвопролевање, хаос и беда.

Back to top button
Close