Русија тврди дека погодила два брода со воен товар во близина на Одеса


Русија денеска соопшти дека погодила два товарни брода што превезувале залихи за украинската војска во близина на пристаништето Одеса.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека вооружените сили на земјата во текот на ноќта употребиле беспилотни летала за да нападнат брод што превезувал воен товар, на 30 километри од пристаништето Одеса.

Подоцна во текот на денот, Министерството извести за сличен напад на 50 километри од истото пристаниште.

Овие руски тврдења засега не се потврдени од украински или од независен извор.

Back to top button
Close