Четворица загинати и десетици повредени во пожарот во канадската воена база „Вејнрајт“


Четворица припадници на вооружените сили на Канада загинаа, а десетици се сериозно повредени во големиот пожар што изминатата ноќ избувна во воената база „Вејнрајт“ во провинцијата Алберта, соопшти канадскиот премиер Марк Карни.

Карни овој настан го нарече „една од најтешките трагедии“ за војската на земјата, што се случила на канадска територија во време на мир.

Базата се наоѓа на околу 207 километри југоисточно од Едмонтон, главниот град на покраината Алберта.

– Спасувачките екипи се бореа со пожарот во текот на целата ноќ, во исклучително тешки услови, изјави Карни.

Канадскиот премиер не изнесе детали за причините за пожарот, но наведе дека побарал детален и официјален извештај од локалните и федералните власти.

Војската на Канада соопшти дека нема индиции оти инцидентот бил терористички чин, иако причината сè уште е предмет на истрага.

Несреќата во Алберта се случи ден пред утрешниот необврзувачки референдум за независност во оваа канадска провинција богата со нафта, на кој жителите треба да одлучат дали ќе останат дел од Канада или ќе започнат правен процес за отцепување и независност.

Премиерот Карни ги повика жителите на Алберта да ја отфрлат иницијативата за отцепување од Канада бидејќи како што наведе, „референдумот доаѓа во најлош можен моментм кога светот станува се поопасен и поделен, а некои од надвор се обидуваат да ги поделат Канаѓаните и да ги стават под своја контрола“.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close