Уапсен е 51-годишен охриѓанец, на малолетно девојче испраќал експлицитни фотографии

МВР информира дека синоќа околу 22:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Т.Т.(51) од Охрид.

Тој се сомничи дека од април оваа година во повеќе наврати на апликација на социјална мрежа на 17-годишно девојче од Охрид испраќал пораки и фотографии со недолична содржина и барал од неа и таа да му испраќа фотографии со експлицитна содржина.

Со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени мобилен телефон и ловечка пушка „застава“ со калибар 12 мм.

Лицето било задржано во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close