Зелен хуман град ја најави, па ја повлече промоцијата на кандидатката за градоначалник на Скопје

Зелен хуман град најави прес-конференција за промовирање на името на потенцијалниот кандидат за градоначалник на Скопје, па се повлече. Според последното известување, кандидатката за градоначалничка на коалицијата го откажала пресот, а и кандидатурата, заради здравствени причини.

Независните советници најавија прес-конференција за денеска попладнево пред бараките на Градот Скопје, но не го соопштија официјално името на кандидатката која сакаа да ја поддржат во трката за прв човек на Скопје, на претстојните локални избори во октомври.

Нивната кандидатка ја опишаа како личност со историја на борба за јавниот интерес и визија за град кој ќе биде дом за сите, а не пазар на бетон и профит за алчното малцинство што три децении ни го уништува градот.

„Оваа кандидатура не е само уште едно име на ливчето. Ова е повик за отпор. Повик за надеж. Повик за град по мерка на луѓето, а не на партиските елити. Ова е продолжување на зелената и хумана трансформација на Скопје што ја започнавме пред четири години“, стоеше во поканата за прес-конференција.

Back to top button
Close