Зеленски и Келог разговараа за притисок врз Русија и враќање на украинските деца

 

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Кит Келог, разговараа за прашањето за влијание врз Русија и хуманитарниот план, односно за враќање на сите киднапирани украински деца.

– Разговаравме за тоа како можеме да влијаеме врз Русија, да ја принудиме да се вклучи во вистински преговори и да стави крај на војната. Санкциите и царините – сè треба да биде на дневен ред. Подготвени сме да разговараме за ова и во формат на лидери, кој е неопходен за решавање на клучните прашања. Иста таква подготвеност е потребна и во Москва, објави Зеленски на социјалните мрежи, оценувајќи дека состанокот со Келог бил добар.

Според Зеленски, Украина е исклучително благодарна на Соединетите Американски Држави за поддршката.

Back to top button
Close