Утре рано изутрина во Скопје авионска дезинсекција против ларви од комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре (петок, 29 август) во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против ларви од комарци.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Back to top button
Close