Србија: Воена парада „Силата на единството“ на 20 септември во Белград

На 20 септември, Министерството за одбрана и Вооружените сили на Србија ќе организираат воена парада „Силата на единството“ пред Палатата на Србија, по повод Денот на српското единство, слободата и националното знаме.

Планирана е парада на ешалони од припадници на единици од сите родови и служби во Вооружените сили на Србија и кадети на Воената академија, единици на возила, пловила од Речната флотила, како и лет на воздухоплови.

Програмата вклучува и гардиска вежба, како и демонстрација на можностите на единиците на Вооружените сили на Србија, се вели во најавата.

Покрај новите и модернизирани средства со кои е опремена српската армија во претходниот период, ќе бидат презентирани и средства од развојот на домашната одбранбена индустрија. з

Back to top button
Close