Поранешниот сопруг на Невена Спасеска за време на роденден на детето ги нападнал нејзиниот татко и брат

Вчеравечер, на роденденска прослава на детето на Невена Спасеска, се случил инцидент во кој физички биле нападнати нејзиниот татко и брат. Според очевидците, нападот го извршил поранешниот сопруг на Спасеска, кој со боксови удирал кон нив, пренесе 24инфо.

Очевидци наведуваат дека инцидентот предизвикал голема паника и вознемиреност кај присутните, а дечиња кои биле на роденденот реагирале со пискање од страв. Настанот веднаш бил пријавен во Полициската станица Карпош, каде што полицијата излезе на терен и се работи на негово расчистување, пишува 24инфо.

Инаку, поранешниот сопруг на Невена е познат и по претходен инцидент во кој бил вклучен напад врз пратеничката Славјанка Петровска.

За потсетување, Невена Спасеска е мајка која беше иницијално лишена од старателството над своето четиригодишно дете. Врховниот суд ја поништи контроверзната пресуда, давајќи и нова можност да го врати детето и да го продолжи животот како законски старател

Back to top button
Close