Реџепи: Денешната седница не беше одложена, туку поништена
Претседателот на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање Скендер Реџепи денеска на прес-конференција рече дека денешната седница не била одложена, туку поништена и најави дека ќе постапува само согласно Деловникот на Собранието.
– Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието, кој исто како Владата, која секојдневно ги прекршува и Уставот и законите, сакајќи да ги имитира и нив очигледно и претседателот на Собранието сакал да свика седница, без претходно да биде поднесено барање до мене како претседател на Комисијата за агенцијата за национална безбедност – рече Реџепи.
Деловникот е јасен, како што рече, согласно член 126 од Деловникот јас свикувам седница по барање од една третина од членовите на комисијата или по барање на претседателот на Комисијата.
– До мене ниту вчера, ниту денеска не е стигнато такво барање, ни до Комисијата, ниту од претседателот на Собранието затоа денешната седница не беше одложена, туку поништена бидејќи е против Деловникот и седница ќе свикам јас кога за такво нешто ќе има барање. Жалосно е што станавме банана држава, во која секој секого прислушува и во која секој знае за тоа. Како може премиер да има такви информации дека е прислушувам кога се знае дека државните безбедносни служби класифицираните информации се знае по кој ред на законот се изнесуват во јавноста и затоа јас нема да бидам дел од еден ваков скандал – рече Реџепи, нагласувајќи дека ќе постапува само согласно Деловникот.
Одговорајќи на новинарско прашање зошто до него не е доставено барање, изјави дека вчера ги контактирал сите служби кои, како како што рече, истовремено велат дека поднеле приговор кон Кабинетот на претседателот на Собранието дека такво барање е против Деловникот.
– Јас имам потполно право да поднесам пријава против него и тоа му го пренесов нему преку нашиот координатор и затоа тој денеска мораше да ја поништи седницата – рече Реџепи, додавајќи дека доколку денеска се одржел состанокот, ќе поднел кривична пријава.
Прашан за безбедносниот сертификат, Реџепи вели дека 10 или 11 месеци сè уште нема одговор зошто тој и неговиот заменик на комисијата, немаат сертификат и додаде дека нема портреба од проверки.
– Во Словенија мандатот на пратеникот почнува и со безбедносен сертификат. Нема потреба од проверка. Истото важеше и за претседателот на Собранието, се изгласа и автоматски доби безбедносен сертикфикат, без да биде проверн во нашата држава – додаде Реџепи.