(ВИДЕО) Фирмата која требаше да ги гради хидроелектраните на Дошница ја повлече цела механизација

 

Компанијата изведувач која требаше да ги изгради мини хидроелектраните по текот на реката Дошница низ планината Кожув денеска ја повлекоа комплетно механизацијата, а граѓаните и активистите кои повеќе од два месеци протестираа и го блокираа патот прогласија победа.

„Денес се повлекуваат сите машини и фирми што сакаа да ја затворат нашата света река Дошница во цевка. Дошница не е само вода – таа е срцето на Македонија, пулсот што не’ држи живи со векови.А срце не се затвора во цевка! ОВАА ПОБЕДА Е НАША, НАРОДНА !
Ова е доказ дека кога сме обединети, сме непобедливи. Силата е во народот, а ДОШНИЦА ќе тече слободна – како што тече и духот на Македонија!“, објавија од движењето „Changemakers4all

Фирмата-изведувач „Ј.Е.С ДООЕЛ“ која требаше да гради мини хидроелектрани на реката Дошница на планината Кожув ги повлече и останатите машини од својата механизација откако минатиот месец се повлекоа мал дел од машините, денеска заминаа и останатите.

 

Еко активистите сметаат дека заедништвото и отпорот дале резултати, откако 72 дена го блокираа патот кон планината. Случајно или не, целосното повлекување на механизацијата се случува во пресрет на локалните избори.

 

Тие најавуваат и почнување на правна битка, а крајната цел им е укинување на концесијата. Најавија и протести во Скопје пред Министерството за животна средина и просторно планирање, доколку по изборите продолжат какви било активности за изградба на мали хидроелектрани.

Граѓаните ја бранат природата и една од најчистите реки во земјата, сместена во регионот богат со ендемски видови и биолошка разновидност.

 

 

 

Back to top button
Close