Османи: За најдобрите млади луѓе во Чаир ќе ги покриеме трошоците за возачка дозвола
Во Чаир се отвори ново поглавје на надеж и младинско учество. Кандидатот за градоначалник на општината Бујар Османи го лансира проектот „Ти зборуваш, Чаир се менува: Кутија на проблемите во Чаир“, иницијатива која има за цел да им даде глас на младите со идеи, предлози и визии за општината, се вели во соопштението од ДУи што МИА го објавува интегрално.
– 47% од граѓаните на Чаир се под 30 години. Тоа е исклучителна сила, енергија која мора институционално да се канализира. Ние не сакаме младите да се чувствуваат запоставени, туку да станат активен дел од одлучувањето во општината“, изјави Османи.
Главниот предлог беше општината Чаир да ги покрие трошоците за возачка дозвола за најдобрите млади.
„За студентите со просек 10.00; за оние што ќе освојат прво, второ или трето место на републички натпревари; како и за младите кои ќе добијат меѓународни признанија, општината ќе ги покрие сите трошоци за полагање возачка дозвола. Пораката е јасна: успехот се наградува, трудот се признава, а младите ја имаат поддршката од својата општина“, потенцираше Османи.
Во рамки на проектот тој најави и отворање на Мултифункционален младински центар на плоштадот Скендербег, формирање на фонд за иновации, како и стипендии за најталентираните студенти. Преку кутијата на проблемите и дигиталната платформа, младите ќе имаат можност да ги достават своите идеи за конкретни проекти што општината ќе ги поддржи.
– Ова не е само изборен проект, ова е општо народно движење на надежта. Тука сме да го слушнеме гласот на младите, да ги направиме дел од промената и да го претвориме Чаир во модел на соживот и иновации“, заклучи Османи.