Почесна артилериска стрелба утре по повод Денот на независноста
Во касарната „Илинден“ утре ќе се изврши почесна артилериска стрелба по повод 8 Септември – Денот на независноста.
Во 18 часот ќе се изврши пробна почесна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од шест артилериски орудија, а во 19 часот почесната артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија.
– Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во склоп на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето Денот на независноста – 8 Септември, информираа денеска од Генералштабот на Армијата