Аналитичарот Благојче Атанасоски предвидува за победа на Герасимовски во Центар
Со победата на Горан Герасимовски, се очекува Центар да биде бастионот на опозициското јадро, истакна политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски за Сител телевизија.
Тој потенцираше дека интересни битки се очекуваат во повеќе градови низ државата, вклучувајќи ги и скопските општини.
„Очекувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во дел од скопските општини онаму кадешто имаат актуелни градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ односно каде што победиле на минатите локални избори во 2021 година со исклучок на Општина Центар кадепто очекувам победа на актуелниот градоначалник Горан Герасимовски од редовите на СДСМ и тоа да биде опозициско јадро на грогираната опозиција“, рече Атанасоски.
Првиот круг од локалните избори ќе се одржи на 19 октомври, а кандидати за градоначалник на Центар се Горан Герасимовски, Билјана Ивановска и Мирослав Лабудовиќ.