Aрбен Фетаи: ДУИ е деструктивна опозиција која се бори за политички опстанок

Заменик премиерот на Северна Македонија, Арбен Фетаи, во интервју за PressOnline.al изјави дека ДУИ го изгубила политичкиот правец и денес претставува деструктивна опозиција која не нуди никакви решенија за граѓаните.

„Од првиот ден кога преминаа во опозиција, ДУИ се обидуваше да ja саботира коалицијата ВЛЕН преку лажни вести, измами и злонамерна пропаганда, но секогаш излегуваа на блеф. Тие се дезориентирани, неинформирани и повеќе не знаат како да се однесуваат како опозиција,“ рече Фетаи.

Тој потсети дека повеќе од 15 месеци ДУИ не предложила ниту едно конкретно решение во Собранието, како што би требало да прави една нормална опозиција во демократска држава.

Напротив, според него, нивни функционери, меѓу кои и Артан Груби, продолжуваат да шират дезинформации и лаги. Фетаи потенцираше дека ДУИ се обидува политички да преживее поради стравот од одговорност за бројните коруптивни афери: „Злоупотребите од стотици милиони евра во енергетиката, во Лотаријата и во други сектори се документирани и процесуирани.

Некој ќе мора да сноси одговорност за злоупотребувањето со буџетските средства. Тие се борат да не се соочат со правдата и да останат неказнети, како што беа речиси четвртина век.“ Заменик премиерот изрази убеденост дека на локалните избори во октомври,

ДУИ ќе остане во опозиција на секое ниво: „Тоа време заврши. Верувам дека по овие избори ДУИ повеќе нема да има простор да се врати на власт. Време е таму да излезат во прв план нови личности, без коруптивни афери и без криминално минато, кои нудат визија за развој и подобрување на животниот стандард.

Back to top button
Close