При вакви пожари треба да се евакуираат сите што се изложени на HF-хидроген флурид.

Кога ќе се иницира термичко распаѓање (Thermal Runaway) во литиум јонска-батерија, било да е од надворешно влијание-удар или од изложување на висока температура, процесот на термално разлагање е невозможно да се прекине.

Секакво гасење е само заштита на околните работи да не се запалат од високоите температури кои се развиваат со горењето на батеријата односно на електролитот кој е составен дел од ќелијата на една батерија. Горењето на батериите е проследено со многу чад, се слуша шиштење дури и мали експлозии.

Токсичната средина која се создава при горење е со висока концентарција на разни соединенија но една од најтоксичните покрај стандардните CO, CO₂, NOxите е HF хидроген флурид која може да предизвика тешки нарушување на здравјето доколку е во затворен или полузатворен простор. Според европската агенција за хемикалии (ECHA) HF е класифициран како многу токсичен, корозивен и опасен за здравјето дури и при ниски концентрации. Покрај HF, при горење на батериите гори и електролитот кој е внатре како и пластиката и амбалажата во која се спакувани. Од нив дополнително се ослободува јаглерод диоксид (CO₂), јаглерод моноксид (CO), соединенија што содржат хлор, азот, сулфур и ред други соединенија кои не се нетоксични.

Батериите при складирање пред рециклирање се неутрализираат и има посебни мерки за заштита како и обуки на вработените.

При вакви пожари треба да се евакуираат сите што се изложени на HF-хидроген флурид.

Ова е дел од мојата експертиза за докторатот кој го работам на тема заштита на литиумските батерии од горење, како и дел од патентот кои скоро беше прогласен за Патент на годината 2024.

Искра Јанковска Михајловска

Back to top button
Close