Oтворање на петтото издание на тетовскиот „Џез фест“

– Петтото издание на „Џез фест 2020“ во Тетово почнува вечер со настап на Сашо Поповски Трио. Тридневниот фестивал ќе се одржува на отворената сцена во дворот на музичкото училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“.

-Отварањето на фестивалот ќе биде со Сашо Поповски-Трио, што претставува соработка помеѓу три врвни музичари од Македонија: Сашо Поповски-гитара, Иван Бејков-контрабас, Виктор Филиповски – тапани. На овој концерт публиката ќе има можност да го слушне нивниот албум Fallen Land, информира Лејла Халими Лумани од организацијата на фестивалот.

Утре настапува Сетстат бенд од Скопје, додека последната вечер на 27 август е предвидена за Влашент Сата Бенд од Албанија. Сите настапи почнуваат во 20 часот. Влезот е бесплатен.

Back to top button
Close