АфД не освои градоначалнички места во вториот круг од локалните избори во Северна Рајна-Вестфалија
Ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), на вчерашните локални избори, не успеа да освои градоначалнички места во Северна Рајна-Вестфалија.
АфД изгуби во градовите Гелзенкирхен и Дујсбург од кандидатите на Социјадемократската партија на Германија (СПД), во Хаген кандидатот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) доби најмногу гласови.
Социјалдемократот Зорен Линк е повторно избран за градоначалник на Дујсбург со 78,6 отсто гласови, додека неговиот противник од АфД, Карстен Грос освои 21,4 проценти.
Во Хаген, кандидатот на ЦДУ, Денис Ребајн го освои вториот круг од изборите со 71,7 отсто од гласовите, додека кандидатот на АфД, Михаел Ајхе беше поддржан од 28,3 проценти од граѓаните.
Експертот за социјална политика Андреа Хенс од СПД ја освои градоначалничката функција во Гелзенкирхен со 66,9 отсто од гласовите, додека неговиот ривал од АфД, Норберт Емерих освои 33,1 проценти. Гелзенкирхен е градот со највисока невработеност во Германија.
Првиот круг избори во Северна Рајна-Вестфалија се одржа на 14 септември, кога АфД успеа тројно да ги зголеми своите резултати во споредба со претходното гласање во покраината.
И покрај неуспехот, лидерот на АфД во Северна Рајна-Вестфалија, Мартин Винченц вкупните резултати од изборите ги оцени како позитивни.
– Трендот е точен … Во 2026 година ќе има серија интересни локални избори. Ние сигурно ќе имаме корист од поволниот ветер што доаѓа од Северна Рајна-Вестфалија, истакна Винченц.