Изгореа четири автомобили во Скопје
Три автомобили биле зафатени од пожари во два одделни инциденти во Скопје, во Ѓорче Петров и Аеродром, при што нема повредени лица.

Првиот пожар бил пријавен на 14 октомври околу 22:35 часот во Ѓорче Петров, каде биле зафатени „пежо“ во сопственост на 28-годишниот Б.А. и „рено“ во сопственост на 47-годишниот М.Н., двајцата од Скопје.
Неколку часа подоцна, на 15 октомври околу 02:55 часот, пожар избувнал и во општина Аеродром. Целосно изгорел „мерцедес“ во сопственост на правно лице, кој бил паркиран од 43-годишниот С.Т. од Скопје, а огнот зафатил и „опел астра“ во сопственост на 43-годишниот И.Р.
Во двата случаи интервенирала Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите






