Променливо облачно со дожд, на планините можен и слаб снег
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд се очекува низ Македонија. На повисоките планини дождот ќе преминува во слаб снег, а ќе дува умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе биде засилен, особено долж Повардарието.

Минималните температури ќе се движат од 1 до 10 степени, додека максималните ќе достигнат од 11 до 19 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд. Ќе дува умерен северен ветер, кој во делови од Скопската Котлина повремено ќе биде засилен. Минималната температура ќе се спушти до 6 степени, а максималната ќе достигне до 16 степени објави Скопје1.мк






