Додик: Парламентот наскоро ќе назначи вршител на должноста претседател на РС

Во наредните денови ќе се одржи седница на Народното собрание на Република Српска (НАРС) за назначување на вршител на должноста претседател на тој ентитет, откако Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК) му го одзеде претседателскиот мандат на Милорад Додик.

Тој беше осуден на една година затворска казна и шестгодишна забрана за вршење јавна функција поради непочитување на одлуките на Кристијан Шмит.

„Ова ќе се случи во наредните денови, за да можеме да функционираме до тие избори (предвремени избори за претседател на РС), за кои сè уште сметаме дека можеби нема да се одржат“, изјави лидерот на владејачката Алијанса на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, по седницата на Главниот одбор на партијата одржана во Бања Лука.

Додик изјави дека треба да се одржи седница на ентитетскиот парламент и дека „ништо не смее да остане недовршено“.

ЦИК на БиХ одлучи дека предвремените избори за претседател на Република Српска ќе се одржат на 23 ноември оваа година

Back to top button
Close