„Ураган на орли“, вели oбвинетиот во „Пулс“, Крешник Бектеши, за митингот на ДУИ откако Ахмети му се обрати на Мицкоски

Крешник Бектеши, еден од обвинетите во случајот „Пулс“, кој по неколкумесечен притвор сега ја чека судската постапка од слобода, вчера се појави на митинг на ДУИ. За своето присуство се пофали и на социјалните мрежи, каде сподели фотографија и напиша: „Ураган на орли!“.

Ова доаѓа откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во својот говорот користеше и метафори, порачувајќи: „Мицкоски со кучиња оди на лов на зајци, но не и на орли“. На ова ВМРО-ДПМНЕ му врати Ахмети: „Не си орел, туку обично врапче“.

На собирот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ присутните беа поздравени со извици „УЧК, УЧК“ додека на видео-бимот се прикажуваа инсерти од војната во 2001 година. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ја искористи конвенцијата за да упати силна порака до Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги за укинување на правата на Албанците, суспендирање на законот за албански јазик и нарушување на Охридскиот рамковен договор.

Back to top button
Close