Градоначалникот на Лондон одби да повика на откажување на пропалестинските протести
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, одби да повика на откажување на пропалестинските протести по терористичкиот напад во близина на синагога во Манчестер, наведувајќи дека граѓаните имаат право на „мирни и законски“ демонстрации.
Кан наведе дека луѓето треба да бидат „свесни за ужасниот терористички напад“, пренесе британски „Телеграф“.
За денеска е закажан протест во знак на поддршка на забранетата терористичка група „Палестинска акција“.
Се очекува околу 1.500 луѓе да учествуваат на протестот.
Во терористичкиот напад во Манчестер загинаа двајца мажи, а тројца беа тешко повредени