Силно невреме во северозападна Европа предизвика прекини во снабдувањето со струја, блокади на патниот и авиосообраќајот

Силното невреме што зафати денеска делови од Европа предизвика прекини во снабдувањето со електрична енерегија, откажување на летови, соборени дрвја и блокада на некои сообраќајници. Во неколку европски земји, припадници на противпожарните служби се ангажирани во санација, јави ДПА.

Во белгискиот главен град Брисел, противпожарната служба одговори на околу 90 повици, претежно за паднати дрвја или скршени гранки. Бројни повици и материјална штета се пријавени и во други делови од земјата.

Во Шкотска и Норвешка, некои домаќинства сè уште беа струја поради оштетени далноводи.

Според норвешкиот радиодифузер НРК, десетици илјади домаќинства во јужните и централните делови на скандинавската земја немаат електрилчна енергија.

Во Шкотска има прекини во железничкиот сообраќај, во Холандија се откажани околу 150 летови, а некои патишта се блокирани поради паднати дрвја.

Back to top button
Close