Рубио: Мислам дека Израел сфаќа дека заложниците не можат да се ослободуваат среде воздушни напади
– Сакаме или не, видовме дека земји како Велика Британија, Австралија, Канада и други на некој начин изразија поддршка – или најавија поддршка – за палестинската држава. Дури и во нашата домашна политика видовме одредени напади кон Израел“, рече вчера Рубио во емисијата Face the Nation на CBS.

Марко Рубио, овој коментар го даде откако израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека ќе ги прекинат офанзивните операции во градот Газа, по договорот меѓу Израел и Хамас за размена на затвореници, што минатата недела го предложил американскиот претседател Доналд Трамп.
– Мислам дека тоа е поентата на која претседателот укажува – без разлика дали верувате дека израелските акции биле оправдани или не, не можете да го игнорирате влијанието што тие го имале врз глобалниот углед на Израел, додаде тој.
Израел за сега го одби повикот на Трамп за итен прекин на воздушните напади во палестинската енклава, каде бројот на загинати од октомври 2023 година, според палестински извори, надмина 67.000.
Сепак, Рубио изрази уверување дека Израел ќе ги запре нападите штом договорот за размена на затвореници биде завршен. „Кога ќе се договорат логистичките детали за тоа како тоа ќе се спроведе – мислам дека и Израелците и сите останати сфаќаат дека заложниците не можат да се ослободуваат среде воздушни напади, па нападите ќе мора да запрат“, рече тој.
Иако Хамас се согласи да ги предаде сите преостанати израелски заложници во замена за палестински затвореници, засега го одби разоружувањето. Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одби да се обврзе на целосно повлекување од Појасот Газа