Путин бара интензивирање на трговијата помеѓу Русија и земјите од Централна Азија

Рускиот претседател Владимир Путин на Самит Централна Азија – Русија, што се одржува во главниот град на Таџикистан, Душанбе, побара од лидерите на централноазиските држави да ја интензивираат трговијата со Русија.

Москва се обидува да го врати своето влијание во Централна Азија, каде најголем конкурент и е Кина. Вкупната размена на Русија со Казахстан, Узбекистан, Киргистан, Туркменистан и Таџикистан минатата година изнесуваше околу 45 милијарди долари. Путин предупреди дека тоа е „добар резултат“, но помал од размената со Белорусија, која има околу осум пати помалку население од тие земји заедно.

За Русија врските со поранешните советски републики од Централна Азија се од големо значење по западните санкции поради војната во Украина.

Во заедничка изјава од Самитот се нагласува „важноста на понатамошното зајакнување на стратешкото партнерство со Русија“. Се додава дека е договорена соработка за нови транспортни и логистички коридори, во борбата против тероризмот, нелегалната миграција и шверцот со дрога, како и во модернизацијата на финансиските системи.

Лидерите на Азербејџан, на Ерменија и на Белорусија утре ќе се придружат на средбата во Душанбе на Заедницата на независни држави

Back to top button
Close