Кандидатот за амбасадор во Брисел прободен со нож од сопругата

Семејна драма која завршила со насилство и напад со ладно оружје се одигрувала во домот на Игор П. кандидат за амбасадор на Македонија во Брисел, објави Вечер.мк.

Инцидентот се случил вечерта на 20-ти август кога Игор на сопругата ѝ соопштил дека ја изневерува и е во врска со друга жена. Таа прво се онесвестила, а кога тој се завртел да побара помош таа го прободела со нож во грб , а потоа и во раката.

Откако успеал да ја совлада била повикана Брза помош при што на дипломатот му биле констатирани тешки телесни повреди, а случајот бил пријавен во полиција, додека од страна на дипломатот поднесена била кривична пријава за семејно насилство.

– На 20.8.2020 околу 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Питу Гули“, по семејна расправија, Б.П. со остар предмет го повредила И.П.. Според пријавеното, претходно И.П. физички ја нападнал Б.П., по што таа му нанела убодна рана. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во извештајот на МВР. 

Back to top button
Close