Како Путин ќе стигне до Будимпешта на средбата со Трамп?

Унгарија е опкружена со други членки на НАТО – Романија, Хрватска, Словенија и Словачка, а се граничи со Србија, Австрија и западна Украина.

EPA-EFE/SERGEY GUNEEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Сите овие земји, освен Унгарија, се потписнички на Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд (МКС), кој издаде налог за апсење на Путин во 2023 година

По синоќешниот телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, Кремљ се огласи потврдувајќи дека подготовките за нивната нова средба во следните неколку недели продолжуваат со забрзано темпо.

Во соопштението се вели дека постои разбирање дека ништо не треба да се одложува и дека двајцата лидери би можеле да се сретнат во следните две недели или подоцна во Будимпешта.

Се додава дека сè уште има голем број прашања што мора да ги решат американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пред средбата на лидерите. Исто така, се договара и составот на преговарачките делегации, соопшти Кремљ.

Интересно е што Кремљ, исто така, објави дека сè уште не е јасно по која рута рускиот претседател ќе патува до Унгарија, нагласувајќи дека земјата има посебен статус кога станува збор за суверенитетот и заштитата на сопствените интереси.

Унгарија е опкружена со други членки на НАТО – Романија, Хрватска, Словенија и Словачка, а се граничи со Србија, Австрија и западна Украина. Сите овие земји, освен Унгарија, се потписнички на Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд (МКС), кој издаде налог за апсење на Путин во 2023 година.

Унгарија, сепак, не е членка на МКС, што му дозволува на Путин да патува таму без ризик од апсење. Единственото прашање е по која рута ќе патува бидејќи членките на ЕУ и НАТО генерално не дозволуваат таков лет. Затоа, индиректните летови преку Србија или Турција се споменуваат како можни алтернативи, како и воведување посебен воздушен коридор за летови до Будимпешта.

Back to top button
Close