На ГП „Блато“ уапсен албански државјанин баран со меѓународна потернца

На граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница, кај Дебар, уапсен е албански државјанин баран со меѓународна потерница.

-Вчера во 15 часот на граничен премин „Блато“, при влез во државава, полициски службеници го лишија од слобода И.Л.(33) од Република Албанија затоа што при гранична контрола е констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Според него, И.Л, е задржан во Полициска станица Дебар, за понатамошна постапка.

Back to top button
Close