Верстапен победи во Остин

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи на трката за Големата награда на САД возена синоќа во Остин.

Холанѓанецот стартуваше од пол-позицијата и водеше на целата дистанца. Ландо Норис од Мекларен заврши втор, 7,959 секунди зад победникот. Шарл Леклер од Ферари заврши трет, 15,373 секунди зад него.

Лидерот во табелата на возачите во Формула 1, Оскар Пјастри, заврши петти.

Пјастри останува на првото место во Генералниот поредок со 346 поени. Ландо Норис (332) е втор, додека Макс Верстапен (306) е трет.

Следната трка во Формула 1 ќе се одржи во Мексико од 24 до 26 октомври.

Back to top button
Close