Излета товарно возило на патот Скопје – Куманово, сообраќајот е во прекин
Излета товарно моторно возило на патот Скопје – Куманово, кај клучката за Хиподром, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму додаваат дека поради тоа овој патен правец е во прекин од утрово од 9 часот.
Според АМСМ, причина за прекинот на сообраќајот на патот Скопје – Куманово кај клучката за Хиподром е излетано моторно возило, што го оневозможува нормалното одвивање на сообраќајот.






