Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

Се верува дека повеќе од 30 ученици и наставници се повредени од иритирачки гас испуштен во училиште во југозападна Германија, соопшти денеска локалната полиција.
Како што пренесе ДПА, 29 ученици и тројца наставници претрпеле иритација на респираторниот тракт и очите.
Некои од нив биле однесени во болница, додека други биле згрижени на лице место во градот Шпизен-Елверсберг, кој се наоѓа во близина на француската граница југозападно од Франкфурт.
Полицијата сè уште бара осомничен, а точниот вид на испуштен гас сè уште не е утврден.
Околу 170 луѓе биле во училиштето во времето на инцидентот.






