Ѓаволот дојде по свој казан!

Само тука може да се случи мали луѓе да промовираат „големи“ идеи! Мали луѓе да водат „големи“ проекти! Ова нè прави неспособни да избираме способни! Само тука, оние што злоупотребуваат имаат сè освен име и презиме !

Мерсел Биљали

Живееме во време кога светот се менува со брзина каква што ретко која генерација претходно има го има доживеано. Геополитичките предизвици стануваат сè посложени, сè по неизвесни, сè полудничави, и како такви сè по опасни. Сојузниците стануваат непријатели, а непријателите сојузници. Економските текови се менуваат, технологиите се трансформираат, пазарите неизвесни и депресинвни, а бројни држави немаат јасна стратегија накај да се движат и ризикуваат спрега на големите опасности. Денес наа бројни држави безбедноста им виси на конец. А некои од нив воопшто не се свесни!

По бројни параметри, светот веќе е во Трета светска војна: Русија-Украина; САД-Иран; Иран – со бројни држави од Персиски залив (вклучително и со Саудиска Арабија); Израел со Иран, Палестина и Либан; Јеменските Хути со Саудиска Арабија поради теснецот Баб-ел Мандеб. Ријад е во воено сојузништво со Анкара и Исламабад (која е нуклеарна сила). Кина има сериозни територијални проблеми со Индија околу Хималајите. Тајван виси на конец. Балканскиот ќуп по некоја своја генетика цело време врие. Популарниот американски портал „The Intercept“, смета дека светот веќе е во средината на Третата светска војна. Третата светска војна е различна од војните што се случија пред речиси еден век со големи армии во марш. Ова е војна за ресурси, за ретки минерали и пари, водени со други сретства, а долгорочно многу по опасна за целото човештво.

Состојбата воопшто не е сјајна ниту во самата Европска Унија. Наредните месеци ќе се види по која насока ќе тргне тркалото на злото. Се работи за двата главни столба на ЕУ (Франција и Германија). Според анкетата објавена пред некој ден, кандидатката на крајната десница во Франција – Марин Ле Пен е во голема предност пред лидерот на радикалната левица – Жан Лук Меланшон. Ле Пен би освоила меѓу 35 и 37 отсто од гласовите. Од тие претседатесли избори што ќе се оддржат на пролет, на 23 април (прв круг) и 7 мај (втор круг), цела Европа се тресе. Таа партија не ја сака ЕУ, а најмалку Балканот. Во Германија во убедливо водство e екстремно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (АфД), која веќе бележи голем пораст и доминација во одредени сојузни покраини. Оттука оправдано што Европа е во огромен стрес и голема паника. Стравот е разбирлив кога гледаме дека двата главни столба на ЕУ опасно се разнишуваат.

Балканскиот казан врие!

Западниот Балкан, по своја „генетика“ продолжува да биде најневралгичната точка на Европа. Ведран Џихиќ, виш советник и предавач на Австрискиот институт за меѓународни односи од Виена, смета дека над Западниот Балкан опасно се вгустува црната магла од предстојните избори во Србија, каде што неивесно кој ќе победи и дали воопшто резултатите ќе бидат признаени.

Солунската агенда за Западен Балкан, усвоена на 21 јуни 2003 година на самитот на Европската унија во тој град, доцнела цели 23 години. Сега ЕУ со логиката на збунет „ватрогасец“ не знае што попрво да згаси. По 23 години, тек сега Брисел сфати дека поради нејзино „мајтапење“ во апсорбирањето на балканските држави, мечката почна да и игра на двор. Мирот во Европа виси на конец. Пред агресија на Украина, ЕУ немала никава желба за проширување, а сега можеби е доцна. Досега ЕУ го имаше „големиот брат“ (САД), кои превенирале и санирале секој проблем. Но, Америка на Трамп веќе не е тоа. Радикалните десничари на Франција и Германија воопшто не ги интересира ЕУ, а понајмалку западниот Балкан.

Бриселските лидери, сега од командири ќе треба да се оспособат за пожарникари. Почна веќе да гасат од Тиват (Црна Гора). Неодамнешниот самит ЕУ-Западен Балкан, одржан во Тиват бил фокусиран кон „спасоносниот“ француско-германски предлог, кој предвидува земјите-кандидатки да добијат пристап до европските фондови и до заедничкиот пазар дури и пред полноправното членство, под услов целосно да ги усогласат надворешните политики и прописите за заедничкиот пазар со Брисел. Урсула фон дер Лајен ос Европската комисија и Антонио Коста од Европскиот совет испратија додворувачки пораки дека ЕУ нема да биде комплетна без Западен Балкан. Но, пролетта ќе одлучи дали ќе дувне убав ветер или страшно опасна бура.

Украина и Молдавија веќе имаат зелено светло. Украина е приоритет поради брз технолошки развој, а Молдавија има примерно фукнционалност. Србија на Вучиќ воопшто не сака ЕУ, а тоа значи проблеми во БиХ (поради Република Српска). Освен ако во Србија се случат промени по изборите. Вучиќевото друштво ја туркат и Македонија кон бездна, а нејзибото водство не е свесно на тоа. Или пак тоа го посакува?! Перфидната игра со Бугарите во Уставот може живот да ја чини државата. Дружината на Мицковски не се свесни дека во тоа друштво на Вучиќ, главниот шеф е Путин, кој Македонија ја гледа само како мени во трпезата! Рускиот познат експерт за геополитика Евгениј Колошов, јавно кажа дека „Македонија не е од никаква важност за Русија. За нас во тој дел од Европа, приоритет се руско-српските и руско-грчките односи“. Оттука, на секого што има грам ум е јасно дека Македонија во тој „српски свет“ може да заврши како вкусен десерт.

А бабата си ја чешла косата!

За време на мандатот на поранешниот премиер Никола Груевски, тој цело време папагалски тврдеше дека Македонија е трета во светот по „Doing Business“ на Светската банка. А се работеше за процедури за регистирање фирма, кое Груевски го продаваше како голем развој. Мицковски нешто слишно повторува за „развојот“. Вели дека македонската економия е меѓу првите пет во Европа!!! Сè за да може народот да гласа, а ѓаволот да брои.

На годишнината од некаков вид економска стратегија, Мицковски рече дека успехот на eднa стратегија не се мери по нејзините страници, туку по бројот на животи што ќе ги подобри. Но, по речиси три години, нема ни милиметар напредок, а камоли бројки, бидејќи напредокот не се мери по страниците на скапо платени неефикасни стратегии, туку по видливи проекти на терен. Тоа никој не го гледа надвор од конференциските сали, кај што нјмногу се зборува за хонорари. Главниот потикнувач на современиот развој треба да ни е современото земјоделство и рурален туризам. А тоа не го гледаме ниту со микроскоп. Познавачи велат дека таквите стратегии се ефтини партиски памфлети од ефтини автори за скапи хонорари. По скоро две и пол години гледаме само пофалби и ефтини производи во скапи амбалажи.

Не ни требаат празни хартии, туку конкретни дела. Луѓето сакаат да видат дека државата има насока, цел, професионален и мобилен тим. Луѓето се презаситени од мали плати со големи хонорари и невидени таленти за кимање со глава. Луето се уморни од (не)логиката – ако не си наш ќовек, воопшто не си човек! Развојот не зависи од тоа колку анализи се подготвуваат, туку од тоа колку работни места се создаваат, колку се зголемува платата, колку исселеници се враќаат. Португалија нема никаква таква или слична стратегија, но има конкретен и јасен повик. Има конкретни закони и јасни понуди. Другото си е „лук и вода“ што се продава како „мед и млеко“.

Нам ни треба одржлива, иновативна и конкурентна економија, одржлив локален и регионален развој што обезбедува кохезија, демографска ревитализација, социјален и културен развој. Ни треба безбедно, сигурно и отпорно општество, владеење на правото, добро управување и зелена трансформација. Ни треба електронски шалтери и систем на ефикасна децентрализација. МАНУ и слични цицачи во заслужена пензија! Овие луѓе се презаситени од левичарски фрази и десничарски џебови. Тука постот повеќе не е религиозна категорија, туку општествен проблем. За жал, крадците тука имаат сè освен свои имиња и презимиња.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close