Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала почувствуван во североисточниот дел од земјава

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала денеска беше почувствуван во североисточниот дел од земјава, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија денеска во 15 часот и 48 минути регистрира земјотрес со епицентар во пограничното подрачје кај Благоевград, на околу 124 километри југоисточно од Скопје, со локална магнитуда ML 3.2, соопштуваат од Сеизмолошката опсерваторија.
Според првичните податоци, земјотресот бил почувствуван во североисточните делови на земјата, особено во Делчево и Виница, како и во околните населени места, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.
Од Сеизмолошката опсерваторија апелираат сите кои го почувствувале земјотресот да го пополнат прашалникот за почувствуваност на линкот во прилог, со цел обезбедување попрецизни податоци за научните сеизмолошки истражувања или да се јават на телефонскиот број 112.






