Од утре ќе плаќаме 5 проценти поскапа струја за домаќинствата

Од утре струјата за домаќинствата ќе поскапи за околу 5 проценти, откако регулаторот ги прифати новите пресметки за трошоците во енергетскиот сектор.

Државната компанија ЕСМ на тендер понуди цена од 65 евра за мегават-час за базна енергија, што ќе влијае врз крајната цена што ја плаќаат граѓаните.

Ова поскапување, велат е резултат на зголемени производствени трошоци, повисоките цени на енергенсите и одржување на стабилноста на системот. Дел од потребната електрична енергија и натаму ќе се обезбедува од домашни капацитети, со цел да се намали зависноста од увоз.

Одлуката за новата цена ја донесе Регулаторна комисија за енергетика, која нагласи дека корекцијата е умерена и има за цел да обезбеди сигурно снабдување во наредниот период.

Владата најави дека ќе продолжат мерките за заштита на најранливите категории граѓани, преку субвенции и социјални тарифи, за да се ублажи ударот врз семејните буџети.

Back to top button
Close