Кристијан Корабоски повторно приведен во полициска станица Охрид
Кристјан Корабоски осомничен за тешка телесна повреда нанесена врз Сара Ѓоргиеска, во моментов повторно е приведен во полициска станица Охрид, пренесува „Слободен печат”

Тој доби кривична пријава за „тешка телесна повреда“ откако неговата девојка Сара Ѓоргиевска од Охрид го пријави дека ја тепал и ја исфрлил од возилото пред супермаркет викендов. Обвинителството побара мерки за претпазливост за него, а судот ги досуди – забрана за приближување на помалку од 50 метри, одземање на пасошот и обврска да се јавува кај судија. Мајката на Сара, Ирена Ѓоргиеска изнесе тешки обвинувања на социјалните мрежи.Според нејзиното сведоштво, 31-годишниот насилник, додека нејзината ќерка била во бессознание, мислел дека е мртва и стапил во контакт со својот татко, барајќи помош како да се ослободи од нејзиното тело. Мајката тврди дека таткото му давал насоки како да го направи тоа. Таа наведува и дека телефонот на девојката бил намерно искршен, со што ѝ била оневозможена можноста да повика помош. Во објавата пренесува и зборови што, според неа, ќерка ѝ ги слушнала додека била во беспомошна состојба: „Собери ги сите познаници, да го прикриеме нештово и да се ослободиме од оваа, дали да ја фрлам во некоја провалија?“ Таа наведе дека семејството на осомничениот има конекции со владејачката ВМРО-ДПМНЕ и побара да нема протекции како резултат на тоа.
„До кога ќе дозволуваме некој да мисли дека може да прави што сака, да избегнува одговорност и да се чувствува недопирлив само затоа што зад себе има партиски врски, моќни родители и познанства?“, прашува таа.
…






