Најавен протест пред СВР Охрид по претепувањето на Сара
Форумот на жени на СДСМ утре, 17 ноември во 18 часот, во Охрид, ќе излезе на протест пред СВР Охрид, информираат оттаму.

Во знак на поддршка на младата Сара и нејзините блиски, во знак на поддршка на сите жени жртви на насилство и во знак на протест за нефункционалните институции водени од ВМРО-ДПМНЕ кои ги штитат насилниците. Ги повикуваме и граѓаните на Охрид да се приклучат на протестот и заеднички да испратиме јасна и гласна порака дека насилството, прикривањето и заштитата на насилниците мора да престанат и да следува одговорност! Сара заслужува правда, сигурност и заштита, како и секоја жена. Не смее да има заташкување на насилството, одговорност мора да има без разлика на партиски, семејни и политички врски. Доста е молк! Доста е неказнивост! Доста е заштита на насилниците! За Сара. За сите жени. За правда и одговорност! Да бидеме заедно, гласни и истрајни. Охрид мора да испрати порака дека насилството нема да помине, пишува во повикот






