Бугарската министерка Петрова за случајот со Ива Михајлова: Загадочно е од каде се појавија тврдењата за притисоци

Бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова изјави дека, според она што досега го видела и слушнала, нема индиции дека врз Ива Михајлова бил вршен притисок од бугарските служби.

Беше еден од најголемите актери на својата генерација, а во 90-тите ја освои публиката со серијата „Опстанок“ – три години без Мето Јовановски

Нејзината изјава доаѓа по објавувањето на тајно снимени разговори од бугарскиот јутјубер Станислав Цанов, во кои Михајлова тврди дека била изложена на притисок од бугарската Државна агенција за национална безбедност – ДАНС. Според нејзините наводи во разговорите, од неа било барано првото интервју да го даде кај конкретен новинар, во спротивно би можела да остане без финансиска помош за лекување и правна заштита

„Колку што видов од изјавата на Ива Михајлова, таа самата тврди дека не била изложена на притисок, така што за мене е малку загадочно од каде се појави таквата информација“, изјави Петрова.

Министерката посочи дека случајот не е во надлежност на Министерството за надворешни работи, а изрази и сомнеж околу најавите тој да биде пријавен пред европските институции, прашувајќи што конкретно би им било презентирано.

Во меѓувреме, Михајлова преку објава на социјалните мрежи ги демантираше тврдењата дека некој во Бугарија ја принудувал на нешто. Таа порача дека таму добила помош, грижа и поддршка и побара да ѝ биде овозможено мирно да продолжи со лекувањето.

И бугарската ДАНС ги отфрли обвинувањата за притисок, додека дел од опозицијата побара истрага за случајот и одговорност од раководството на агенцијата.

 

Back to top button
Close